Авион на „Туркиш Ерлајнс“ со 135 патници и членови на екипажот се урна денеска при слетувањето на аеродромот „Шипол“ во Амстердам.


Авионот од типот „Боинг 737“ при слетувањето се урнал и се разделил на три дела. Очевидци забележале дека од трупот на авионот излегле 50-на неповредени патници.

Противпожарни и лекарски екипи веднаш се упатиле на местото на несреќата, а според првичните  информации сите патници и членови на екипажот ја преживеале несреќата.

Ohridnews