Еден генетски експеримент ги заплашувал жителите во еден кинески град. Жителите стравувале дека таинственото животно е бегалец од блискиот истражувачки центар. Со бела несекојдневна коса и розе кожа која е прекриена со точки, животното ги плашело граѓаните на кинескиот град Ксинксианг.

Во близина на градот се наоѓале неколку научно-истражувачки центри и локално медицинско училиште, па затоа граѓаните веруваат дека необичното животно е неуспешен експеримент кој побегнал од лабораторија. Полицијата тврдела дека станува збор за кинеско голокожо куче, кое е многу скап домашен миленик. Инаку, тоа е куче кое има прамен само на главата и опашката, и кое поради својата гола кожа често е кандидат на натпреварите за најгрдо куче на светот.