Без голови и без победник заврши најголемото дерби во англискиот фудбал помеѓу Манчестер Јунајтед – Ливерпул во рамките од 27-та рунда во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ и „црвените“ ги поделија бодовите во меч под чудни околности. Првиот половина час од дербито на Олд Трафорд место шанси и голови го одбележаа повреди. Во домашниот состав поради повреди излегоа Ерера и Мата, а во гостинскиот Фирмино. Да биде се во знакот на повредите во првиот дел се погрижи Лингард кој влезе како замена за Мата, а излезе во 43-та минута, откако не ја искористи најубавата прилика за погодок.
Во текот на второто полувреме фудбалерите на Ливерпул ја контролираа играта, но ниту еднаш посериозно не се заканаа кон голот на Де Геа. Домаќините успеаја да ја затресат мрежата благодарение на Матип, но претходно Смолинг кој го упати ударот кон голот на Алисон Бекер беше во офсајд.
Поделбата на бодобите е најреален исход од дербито на Олд Трафорд. Ливерпул минимално на еден бод се одлепи од Манчестер Сити, додека Манчестер Јунајтед ја продолжи серијата без пораз во Премиер лигата под водство на Оле гунар Солскјаер, но го изгуби четврото место кое му припадна на Арсенал. „Топчиите“ славеа со 2-0 над Саутемптон.
OhridNews