Пицерија во Кина ги збунила гостите со знаците на вратите од тоалетите. Машкиот тоалет го означиле со банана, а женскиот со праска. „Овошните знаци“ ги забележале службениците кои истражувале колку знаците поставени на јавни површини се разбирливи за населението.


Заклучиле дека 60% од знаците се неразбирливи. Сите гости кои оделе во тоалет застанувале и збунето гледале во бананата и праската.


Во друг ресторан вратите на тоалетите се означени со водопад за машкиот и дожд за женскиот тоалет.