Асот на Португалија, Кристијано Роналдо повторно одигра клучна фигура во победата (6-0) на неговата селекција на домашен терен против Литванија. Роналдо ги постигна првите два погодоци а потоа додаде уште еден за нов хет трик во својата кариера.

Прашањето кое сите го поставија е потегот на Маурицио Сари, кој изминатиов викенд на дуелот Јувентус – Милан од игра го повлече Роналдо поради повреда. Како и секогаш кога нешто не е по волја на Роналдо тој реагираше бурно и не го проследи продолжението од натпреварот на клупата. Италијанските медиуми јавија дека тој заминал од стадионот пред да заврши мечот.

Четири дена подоцна, Португалија на крилата од Роналдо забележа тениска победа против Литванија и има изгледни шанси да се пласира на ЕП и брани титулата. Но дилемите околу потегот на Сари остануваа неизвесни, барем до некоја следна пресконференција на која сигурно ќе следуваат прашања за оваа тема.

OhridNews