Доколку дојде крај на светот, манекенката Наоми Кемпбел немора да биде загрижена. Таа направила еколошка куќа на островот на Клеопатра во Турција. Спектакуларната куќа е во облик на окото на египетскиот бог Хорус и има 25 соби, неколку сали за забава, постојан проток на светлина и прекрасно природно окружување. Имено, архитектот Луис де Гаридоа и направил куќа на славната манекенка која има специјални функции, и тоа куќата сама обезбедува електрична енергија и вода, па така Наоми нема за што да биде загрижена доколку дојде до еколошка или нуклеарна катастрофа.


Градбата има 25 соби кои се прилично осветлени посебно поради стаклото со кое куќата е покриена. Стакленикот за време на зимата ќе обезбеди доволно топлина, а за време на летото ќе биде вклучуван природниот систем за вентилација. Авторот на чудесната куќа за време на проектирањето и изградбата имал одврзани раце кога е во прашање дизајнот, но имал и можност да располага со неверојатна количина на пари, па не ни чудо што воопшто не штедел. Домот во облик на окото на богот Хорус е изграден на островот Садир, кој во светот е познат под името островот на Клеопатра и се наоѓа во Турција.