Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен после победата над Тенис Сандгрен со чудесен пресврт во пет сетови. Во борбата за финале, шесткратнио шампион во Австралија го чека подобриот од четвртфиналето Новак Ѓоковиќ – Милош Раониќ.

Федерер иако го доби првиот сет и поведе со 1-0 се наоѓаше пред елиминација затоа што ги изгуби следните два и спаси дури седум меч топки во текот на четвртиот сет. Швајцарацеот го „преживеа“ четвртиот сет во кој изедначи на 2-2. Во петтиот сет, Федерер не дозволи нови возбудувања и со 6-3 го реши во своја корист.

Четвртфиналната прогрмата продолжува со дуелот Ѓоковиќ и Раониќ кој ќе започне во 9 часот и 45 минути, а натпреварите продолжуваат утре со средбите Вавринка – Зверев односно Надал – Тим.

OhridNews