Фу Бингли, кунг фу мајстор од Лианжунганг докажал дека има најјаки прсти на светот. Се занимава со боречки вештини веќе 32 години и може да стои држејќи го своето тело само со показалецот од едната рака.
Тој влегол во Гинисовата книга на рекорди откако успеал да направи 12 склека на само еден прст од едната рака. Изјавил дека тренира од својата седма година и дека неговиот показалец има сила колку цело тело од повеќе луѓе.