Кинезот Хуанг Чунчаи, познат како „човек слон“ е подготвен за втората операција за која се надева дека ќе биде успешна и ќе му овозможи нормален живот.
Докторите во јуни минатата година отстраниле тумор тежок 15 килограми од лицето на 32-годишниот Хуанг. Новиот оперативен зафат ќе го изведат докторите од болницата „Фуда“во Јужна Кина. Пред првата операција Хуанг едвај можел да зборува поради големината на туморот. Левото око му било потполно затворено, левото уво му било спуштено до рамото, а десното уво и вилицата му биле потполно прекриени со ткиво.
„Се надевам дека мојата болест се лекува и дека по операцијата ќе се вратам среќен дома и со семејството ќе уживам во пролетниот фестивал“ вели Хуанг. Докторите се оптимисти и очекуваат позитивен исход од операцијата. Единствен проблем е што туморот се наоѓа во близина на увото, па ќе мораат да вложат големи напори да го отстранат туморот, а да го сочуваат увото. Ако се биде како што треба, телото на овој 32-годишен човек ќе почне да се враќа во нормала. А тоа е многу битно затоа што туморот Хуанг го отргнал од нормалниот живот. Поради необичната болест бил присилен да го напушти школувањето, а татко му дури и добил понуда да го продаде синот во циркус каде би бил прикажуван како чудовиште.
човекот слон
Јасминка Т. Момироска