Моменталното внимание на медиумите во Австрија, но и пошироко, било привлечено од приказната на на Валтер Зомер(27) од Виена, кој тврди дека веќе со години не спие и не чувствува замор. Современата медицина забележала неколку случаи на долготрајна несоница кај луѓето, а Валтер бил еден од нив. Никогаш не спие, никогаш не е уморен и никогаш не му е здодевно, бидејќи додека останатите спијат, Валтер слободното време го користи за своите хобија, меѓу кои се фотографирањето, снимањето кратки филмови и зборувајќи со луѓето ширум светот преку Скајп.
Валтер вниманието на медиумите го предизвикал кога на интернет се појавила снимка на која се гледа како во текот на ноќта, благодарение на својата будност, спречил еден крадец во неговиот грабеж. Рекордот во неспиење, според Гинисовата книга на рекорди, го држи Ренди Гарднер, кој кога имал 17 години во 1964 година не спиел 264 часа.