Австралијанецот Кристијан Андерсон, чие видео трогна милиони низ целиот свет почина по долго и тешко боледување. Неговата сопруга Рејчел на својот Твитер профил објави дека нејзиниот сакан ја изгубил битката со ракот.

Овој пар стана светски познат по видео спотот што Кристијан го сними како роденденска честитка за Рејчел во знак на благодарност за поддршката што тој ја добивал од неа во битката со ракот на дебелото црево кој му бил дијагностициран во 2009 година. Во спотот тој ги ангажираше светски познатиот глумец Хју Џекмен и новозеландскиот премиер Џон Кеј. Тоа му донесе гостување во мегапопуларната емисија на Опра Винфри која му донираше чек од 250.000 долари за борба против ракот.

Големиот Христијанин и рекол на сопругата дека Божик е одлично време за заминување.


OhridNews