Марк Гасон од универзитетот во Ридинг во раката си вградил чип заразен со компјутерски вирус. Чипот му овозможува да влезе во обезбедени простории и да го активира својот мобилен. Тој сакал со овој пример да покаже дека медицинските помагала кои се вградуваат кај луѓето стануваат се посложени и со тоа се повеќе изложени на ризик од заразување преку други имплатанти.
Лекарите се сложуваат со него, но сметаат дека научниците треба поодговорно да ги претставуваат своите истражувања, наместо да ги истакнуваат потенцијалните опасности за да се најдат на насловните страни.