Индиецот Зиона Чана од селото Бакванг е човек кој има 309 сопруги со кои живее во голема куќа на четири ката, соопштиле странските медиуми. Татко е на 94 деца и дедо на 33 внуци. Грижливиот Зиона целото свое семејство го сместил во куќата со сто соби. Рекол дека се чувствува како божјо дете. Среќен бил што е на чело на најголемото семејство на светот.
Семејството било организирано како мала војска, а за само една вечера им биле потребни 30 пилиња. Покрај пилињата морале да спремаат и 60 килограми компири и 100 килограми ориз. Член бил на секта која дозволува да има жени колку што сака. Во една година се оженил со дури десет жени. Најмладата жена спиела најблиску до неговата соба, а постарите подалеку. Сопругите се менувале во неговиот кревет по посебно востановени правила.