Американската Академија за филм, синоќа, по 87-ми пат ги додели најпрестижните награди во светот на филмската уметност – Оскарите. Најмногу Оскари, по четири, на доделувањето освоија филмовите Човек птица (Бирдман) и Grand Budapest hotel.

Бирдман е сепак победникот на вечерта бидејќи ги освои наградите за филм на годината, најдобро оригинално сценарио, режија и кинематографија. Grand Budapest hotel освои Оскари во категориите: шминка, сценографија, најдобра оригинална музика. Оскар за најдобра машка улога освои Еди Редмејн за улогата во филмот The Theory of everything , додека наградата за најдобра глумица ја освои Џулијен Мур за улогата во филмот Still Alice.

Оскарот за споредна женска улога го освои Патриша Аркет за улогата во филмот Boyhood, а нејзиниот колега Џ.К.Симонс го доби Оскарот за улогата во Whiplash.

За најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е прогласен полскиот филм Ида.

OhridNews