Зоран Михаиловиќ, роден 1961 година во
Белград -Србија, тренер на карате репрезентација на Србија денеска ненадејно почина на плажа во населбата Далјан.


Несреќата се случила денеска околу пладне кога на Михаиловиќ му се слошило при влегување во водите на езерото. Веднаш на помош му пристапил репрезентативниот лекар, по што била повикана Службата за итна медицинска помош која набргу пристигнала на лице место. Лицето било префрлено во Охридската болница каде биле извршени неуспешни обиди за реанимација.


Според извештајот на СВР – Охрид, медицинските анализи покажале дека смртта настапила поради срцев удар, односно дека немало траги на насилство.

Ohridnews