Спасено лице кое паднало од карпа на тешко пристапен терен кај Лабино. Со брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид лицето било брзо пронајдено и истиот бил траспортиран со пловен објект во Општата болница во Охрид.

ТППЕ прими дојава за паднато лице во 12 часот и 50 минути. Лицето е пронајдено во свесна состојба со видливи повреди на главата. Заедно со екипи на брза помош е ставено на носилка и со пловен објект транспортирано на понатамошно лечење, информира за OhridNews, командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски кој бил на терен со уште двајца пожарникари.

Случајот го потврди и портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски кој рече дека се преземаат мерки за расчистување на истиот.

Н.С.Ј.