Несреќата како што дознаваме се случила денеска. Од засега неутврдени причини човек паднал од карпа во близина на хотелот “Десарет” во Пештани.
Информацијата за Охридњуз ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски
Димоски посочи дека на местото на несреќата упатени се екипи на полицијата, брза помош, спасители и други надлежни служби.
Неофицијално се работи за државјанин на Холандија кој при пад од карпа се здобил со скршеница на долни екстремитети. Повредениот е извлечен е од местото на несреќата и транспортиран до болница.
Г.М.