Ендру Хајд станал познат поради тоа што поседува само 15 работи (без долен веш и чорапи). Не е бездомник, ниту сиромав. Напротив, Хајд работи како советник и ментор на нови компании, а основач е и на случувања како Startup Weekend и TEDxBoulder. Хајд постојано патува, најчесто од Њу Јорк до Калифорнија. Отсекогаш бил фасциниран од концептот на минимализмот, па најпрво се обидел да живее со само 100 работи, но кога успеал во тоа, го смалил бројот на 15.

Хајд не живее ниту во куќа ниту во стан, а се што имал освен овие 15 работи, продал. Еве ја листата на предметите без кои не може: ранец, три маици, јакна, бермуди за трчање, пешкир, волнена јакна, несесер, очила за сонце, паричник, лап топ, Ајфон, фармерки, патики.

Во свет во кој просечна жена има по 20 пара чевли, а некои луѓе живеат сами во огромни вили, Хајд покажал дека човек може да биде среќен и со помалку работи.