Сликата која била продадена на Ebay за 25 долари ги прошири гласините дека човекот на неа, односно Индијанецот “Ka-Be-Nah-Owey-Wence” бил стар 129 години.

Ако овие гласини се точни тој би бил единствениот човек кој живеел во период од три века, односно бил роден во 1791, а починал во 1920 година.
Најстарата особа на светот починала на 122 години, а дали оваа слика е оригинална или само добра копија и дали гласините се вистинити можеби никогаш нема да знаеме.