Каде и да оди, кинезот Лиу Лингчао со себе го носи својот дом, куќичка од бамбус, најлон и пластика тешка 60 килограми. Како што раскажал, селидбата е еден од најголемите стресови во животот, но повеќе не и за него. Тој патувал низ земјата и собирал шишиња за рециклирање, а како би заштедил пари и не би трошел на патни трошоци, тој својата куќа ја носел со себе.

Лиу по потекло е од јужната кинеска провинција Гуангкси, а својата мобилна куќа ја направил пред пет години и сеуште добро го служела. Тој рекол дека може да се сели каде и да посака и дека тоа за него била лесна одлука. Се чувствувал слободно и можел да оди каде сака и да живее независно од другите.