Пијан маж одлучил да ја научи змијата на памет и да и покаже како е тоа кога некој ќе те гризне!!! За жал, кобрата не преживеала за да ја пренесе пораката на другите.
Мајката природа понекогаш ги заменува улогите. Во делови на Бенгал (Индија), не ретка појава е моменталната смрт предизвикана од каснување од змија.Но необично е кога човек со гризнување ќе убие отровна кобра. Субас Банерџи, вработен во кантина во Бурдван, една вечер пијан се враќал дома во Екра. На патот чул група селани како зборуваат за кобра која ја пронашле во близина. Во тој момент се присетил на еден член од семејството кого го убила змија, и отишол до змијата. Ја удрил со стап, па ја каснал и ја препоровил отровната кобра.
-Змијата треба да почувствува како е да бидеш гризнат-им рекол на шокираните набљудувачи кога се обиделе да го сопрат.
-Глетката беше застрашувачка. Ја растргнуваше со забите како да полуде-рекол еден од селаните од местото на настанот.
Набрзо потоа, се онесвестил и морале да го одведат во болница. Освен мамурлукот, нема други повреди.