Иако звучи како сцена од некоја комедија, еден питон бил подлегнат на операција откако два пати бил гризнат од еден човек од Калифорнија. Полицискиот поручник Ендру Пети кому му бил пријавен случајот, рекол дека во четвртокот полицијата од Сакраменто добила повик од случаен минувач, кој го забележал човекот како лежи, и кој претпоставил дека човекот бил нападнат.
Меѓутоа, кога полицијата пристигнала на лице место, востановила дека Дејвид Сенк не бил жртва на напад, туку напаѓач на питон, што било потврдено и од неговиот сосед, кој на полицајците им рекол дека Сенк два пати силно го гризнал питонот долг еден метар. Дејвид веднаш бил уапсен поради напад на змијата и му била одредена кауција од дури 10 илјади долари. Еден ден подоцна на полицијата и изјавил дека бил многу пијан и дека не се сеќава на инцидентот.