Деде, човек од Индонезија страда од ретка болест која предизвикува раст на израстоци кои изгледаат како дрво. Тој е прекриен со брадавици и бара помош од американски лекар, бидејќи во Индонезија никој не може да му помогне. На работа добил отказ, жената го напуштила, соседите го избегнуваат. Живее во сиромаштија со своите две ќерки, а поради израстоците не може да работи.


човекот „дрво“ од Индонезија

Кон Деде, „човекот дрво“ како што го нарекуваат се однесуваат како кон чудовиште  заради необичните израстоци по рацете и нозете во вид на корени.Сега 35-годишниот индонежанец се надева на помош од еден американски доктор кој предложил можен третман за лекување на неговата болест. Испитувањата на крвта покажале присуство на ХПВ, инфекција која предизвикува појава на мали брадавици. Др. Гаспари верува дека неговата состојба може да се подобри доколку почне да користи дневни дози синтетички облик на витамин А кол го инхибира растот на брадавиците во сериозни случаи на ХПВ.  


човекот „дрво“ бара помош од американските лекари

Јасминка Т. Момироска