Човечкиот мозок препознава слика која ја гледа окото за само 13 милисекунди, покажало најновото истражување. На основа на претходни студии, експертите верувале дека на мозокот му се потребни најмалку 100 милисекунди за да го процесира она што го гледа окото. Резултатите од истражувањето кое го спровеле научниците од Технолошкиот институт Масачусец се објавени во списанието „Внимание, перцепција и психофизика“. Научниците од учесниците во студијата, на кои им биле прикажувани серии од 6 и 12 слики, барале да гледаат во посебна врста фотографии, како што се фотографии од пикник или насмеан пар.

Во почетокот сликите биле прикажувани во разлика од 80 милисекунди, а потоа се менувале со брзина од 13 милисекунди, што е најбрзо што дозволувал компјутерот. Иако препознавањето било се потешко со зголемувањето на брзината, сепак учесниците во тестот и понатаму бележеле добри резултати. Имено, иако окото гледа во сликата само 13 милисекунди, мозокот продолжува да процесира значително подолго после тоа. Водачот на истражувањето Мери Потер смета дека самото забрзување ги наведува луѓето побрзо да ги процесираат сликите. во моментот на најголемото забрзувањ, учесниците ги виделе новите слики 20 пати побрзо отколку што вообичаено перцепцираат со својот вид.