За зголемувањето на нивото на езерскиот водостој е виновен човечкиот фактор, беше заклучокот на стручните експерти, кои беа дел од трибината за моменталните состојби со Охридското Езеро, која ја организираше Општина Охрид.


Во бројните дискусии и излагања на учесниците можеа да се слушнат голем број на  кртитики за начинот на кој ЕЛЕМ го врши регулирањето на водите од Охридското Езеро, забелешки дека институциите државните институции ненавремено реагирале за да спречат несакани последици од зголемениот водостој, како и тоа дека траба под итно да се реагира за да во иднина  нема поголеми штети.


Експертите изнесоа повеќе заклучоци, врз кои како што рекоа ќе се изработи елаборат, кој ќе биде доставен до Владата и до надлежните министертва. Ова ќе се прави со цел, во иднина да не се предизвикуваат слични проблеми со водостојот на Езерото.

Најважни меѓу донесените заклучоци, беа следниве:

1.    Регулацијата на нивото на водата во Охридското Езеро да го врши друг орган, затоа што не може ЕЛЕМ да биде и производител на електрична енергија и да врши конрола и регулирање на водата, затоа што постои можност да се однесува субјективно и да штити сопствени интереси на сметка на нивото на водата.

2.    Да се покрене иницијатива за утврдување на кривична одговорност, на тој што е одговорен за регулирање на нивото на водата, со цел да ги надополни штетите кои се предизвикани од поплавите, кои настанаа поради зголемување на нивото на езерото.

3.    Пренасочување на реката Статеска во своето старо корито. Оваа река како што објаснија експертите во моментов во Охридското Езеро донесува 20 метри кубни водат во секунда и дополнително го оптеретува неговиот водостој. Тие нагласија дека ова река не е дел од  природното сливното подрачје на езерото и штети на езерската флора и фауна.

4.    Треба да се направи нов регулационен објект на истекот на Охридскот Езеро во Реката Дрим. За тоа што моменталниот објект не само што е амортизиран не и соодветен.

5.    Регулација на сите реки и канали за наводнување во охридскиот регион. Што подразбира нивно постојано чистење и мерење на нивото на вода, како и утврдување на максимални граници на нивниот водостој.

6.    Да се постават современи линографи за мерење на водостојот во Охридското Езеро и реките од неговото сливно подрачје, а исто така да се постават инструменти за мерење на количеството на врнежи и за мерење на подземните води. Ова треба да се направи со цел да се има постојан увид на состојбата со водостојот на езерото и на водите од неговото сливно подрачје.

7.    Изградба на современи канализациони мрежи во селските средини, како и поставуавње на мрежи за собирање на цврстиот отпад од реките и засилен инспекторски надзор на селските средини.

8.    Реконструкција и доизградба на Колекторскиот систем, санирање на проблемите со кој истиот се соочува, како и изградба на атмосферска канализација во населените места, каде што истиот поминува, со цел да не доаѓа до мешање на фекалните и атмосферските води, затоа што при зголемени врнежи на дожд  истите дополнително го оптеретуваат колекторот.

Е.Е.