Холандските научници наводно развивале кожа отпорна на куршуми, пренел весникот ”Dejli mejl”. Како што било наведено во текстот, научниците во производството на супер кожата користеле генетски модифицирано козјо млеко кое ги има истите протеини како и свилата на пајакот. По молзењето на млекото, можел да се исткае материјал кој е десет пати поснажен од челикот.
Тој материјал подоцна се вкрстувал со човечката кожа и би можел да запре и куршум, изјавил еден од научниците кој работел на проектот. Целта на оваа група научници е да го заменат креатининот од човечката кожа со пајакова свила како кожата би станала што поотпорна. Научниците потсетиле дека свилата со векови била користена во борбите и дека дури и големиот освојувач Џингис Кан своите коњаници ги опремувал со градници од свила, бидејќи стрелата во допир со свилата не се кршела, што ја правело полесна за вадење од телото.