Познатиот Харли Дејвидсон кој Петер Фонда го возел во култниот филм „Голи во седло“ од 1969 години е продаден на аукција изминатиов викенд за 1,35 милиони долари. „Капетан Америка“ моторот со сета своја документација вклучувајќи и писмо на Фонда, бил продаден на аукција во местото Калабасас, северозападно од Лос Анџелес. Сино, бело, црвениот чопер го дизајнирале и изработиле двајца афроамериканци, Клиф Вогс и Бен Харди на основа на сугестии на Фонда.
Продавачот рекол дека после жестоко наддавање, задоволни биле што купувачот моторот го цени како културна икона, што всушнот и е. За „Голи во седло“ направени се два мотори како снимањето не би било прекинато доколку некој се расипе. Моторот кој бил продаден во саботата бил користен во сообраќајката на крајот на филмот. Аулционерот Џозеф Мадалена пред аукцијата чоперот го опишал како „една од иконите на американскиот филм“, велејќи дека моторот предизвикува снажни емоции дури и кај луѓето кои не се бајкери.