Најголемата музичка ѕвезда на овие простори, популарниот Здравко Чолиќ во Охрид снима спот за песната „Ватра и Барут“.

Се работи за насловната тема на неговиот најнов албум кој во Македонија ќе биде промовиран на 31 мај на концертот што ќе се одржи во Скопје.

Во снимањето на спотот учествуваат извонредниот македонски гитарист Влатко Стефаноски и манекенката Натали Грубовиќ.

Популарниот Чола синоќа имал вечера со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

Минатото лето Здравко Чолиќ одржа солистички концерт во Охрид, каде инаку видео спот за негова нумера снима за прв пат.

OhridNews