Состојките на какаото ја блокираат работата на сензорните нерви и рефлексот на кашлање, со што симптомите на хронична и акутна кашлица ги намалуваат за 60 проценти. Најдобар избор е црното чоколадо. Теоброминот, една од состојките на чоколадото ги намалува неугодните симптоми на кашлица, покажала британската студија на клиниката Хал на 300 пациенти со хронична кашлица. Тие во текот на две седмици земале теобромин два пати на ден во доза од 1000 милиграми, а нивните симптоми се намалиле за 60 проценти.
Иако помага и кај акутната и кај хроничната кашлица, чоколадото не е краен лек бидејќи смптомите се враќаат копга терапијата со чоколдо ќе се прекине. Во 30 грама црно незасладено чоколадо се наоѓаат околу 450 милиграми теобромин, додека во 30 грама темно слатко чоколадо се наоѓаат околу 150 милиграми од таа состојка. Очекувано, најмалку теобромин се наоѓа во мелчното чоколадо, со само 60 милиграми на 30 грама чоколадо.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com