Мирко Дела Векија од селото Бикока, близу Милано, го соборил Гинисовиот рекорд така што направил чоколадо долго 18 и широко 2 метри. Чоколадото било официјално измерено и било ставено во Гинисовата книга на рекорди. Ова е за три метри подолго од претходното чоколадо кое го држело рекордот.

Дела Векија има најмногу Гинисови рекорди на светот во доменот на чоколадните производи. Меѓу неговите креации е и највисоката чоколадна скулптура на светот, репродукција на скулптурата од плоштадот Сан Марко во Венеција, која е висока осум метри и која ја направил во 2010 година употребувајќи осум тони чоколадо.