Академците од универзитетот Кембриџ осмислиле „чоколадо за убавина“, кое содржи високо ниво на два моќни антиоксиданти. Велат дека една коцка од 7,5 грама од чоколадото на ден помага кожата да го сврти природниот процес на стареење. Исто така тврдат дека чоколадото ги намалува брчките. Станува збор за темно чоколадо со 70 проценти какао кое содржи флаванол како и 100 грама обично чокладо и астаксантин, какои 300 грама див лосос. Обете хемикалии ќе помогнат во циркулацијата и снабдувањето на кожата со крв, што се смета за есенцијално за здравјето и младечкиот изглед на кожата.
Тестирањето на чоколадото е извршено врз волонтери на возраст помеѓу 50 и 60 години, кај кои после три седмици од конзумацијата на ова чоколадо било видени резултати на подмладување. Освен тоа, ова чоколадо содржи само 38 калории, поради што од него се дебелее многу помалку отколку од обичното чоколадо. Беазбедно е и може да го конзумираат и дијабетичарите. Дали со својот вкус ќе дава исто задоволство како и традиционалното чоколадо, останува да видиме. Чоколадото ќе почне да се продава следниот месец во Велика Британија и уште неколку европски држави.