Производителите во Велија Британија прават чоколадо кое не се топи. Експертите од познатата фирма „Кедбери“, имено, успеале да добијат чоколадо отпорно на топлина. Тестовите покажале дека чоколадото останува непроменето и после три часа во инкубатор, на температура од 40 степени целзиусови.
Претставник на компанијата рекол дека ова откритие е многу важно бидејќи овозможувало подобра продажба на чоколадото во неразвиените земји, во кои често нема адекватни уреди за чување на овие намирници кои се чувствителни на промената на температурата и нивото на влажност на воздухот.