Кога 87-годишната Елизабет Емерсон во интервјуто за еден весник изјавила дека нејзин единствен порок е што понекогаш ќе изеде парче чоколада, не ни сонувала дека ќе добие мноштво на слатки реакции.

Откако „Њујорк тајмс“објавил приказна за влијанието на скокот на цените на горивото врз животот на постарите лица со ниски примања, Елизабет Емерсон добила многу писма за подршка, а во некои од нив имало и чоколади.

„Не можев да верувам, се смеев како никогаш досега. Толку прашина се крена околу мојата маленкост“изјавила Емерсон.

ohridnews