Американската кондиторска компанија Марс, според висината на приходите, е прва меѓу најголемите производители на чоколади, на листата која секоја година ја објавува списанието Кенди Индустрис. Марс во 2012 година остварила приходи од 16,8 милијарди долари. Во компанијата работат околу 32 илјади лица во вкупно 51 погон, а нејзини најпознати чоколади се Марс, Сникерс, Баунти, Твикс и други. На второто место е компанијата Монделез Интернешнал со чоколадиите Милка. Минатата година оваа компанија остварила приходи од 15,48 милиарди долари. Помалку познатиот „Barcel SA“ исто така е меѓународен чоколаден гигант со приходи од 14 милијарди долари во 2012 година.
Швајцарската компанија Нестле се нашла на четвртото место, со приходи од 12,8 милијарди долари, а најдобар резултат остварило чоколадото КитКет. Следува јапонската компанија Меији, која реализирала 12,42 милијарди долари вкупна вредност, а после неа е компанијата Херши со 6,46 милијарди долари вкупна продажба во минатата година.