Воз направен од темно чоколадо, долг 34,05 метри, за чија изработка биле потребни 784 часа, поставил нов светски рекорд. Возот го направил Ендрју Фаруди од Малта, а бил изложен во Брисел.
Тежок бил 1285 килограми, а официјалните лица од Гинисовата книга на рекорди го означиле возот како рекордер, пренеле медиумите. Авторот изјавил дека возот требало да биде многу помал отколку што бил сега. Додал дека додавал еден по еден вагон, и на крајот настанало она што го гледаме сега.