Едно истражување на Британските научници покажа дека љубителите на чоколада полесно ги решаваат математичките задачи. За тоа придонесуваат флавоноидите во чоколадото.
Група доброволци добија математички задачи. По некое време им било поделено какао во кое била ставена поголема доза флавоноиди кои се содржат во чоколадото. Задачата ја решиле полесно и побрзо. Истражувањето покажало дека се и многу поодморени. Флавоноидите го забрзуваат дотокот на крв во мозокот.
Истражувањето било спроведено на 30 доброволци кои добиле задача да бројат наназад по три, почнувајќи од 900. Меѓутоа, кога добиле задача да бројат наназад по седум, не им помогнале ни флавоноидите.