Со триумфот над Шкупи на домашен терен кошаркарите на Охрид и математички ја осигураа лидерската позиција во Втората лига по првата полусезона.
Охриѓани се наоаѓаат на половина пат од пласман во елитата нешто што беше поставено за цел пред почетокот на сезоната.
– Добрите подготовки и одличниот пристап во натпреварите ни донесе непогрешлива серија по осумте одиграни мечеви. Но, не смееме да се залетуваме бидејќи сами на своја кожа осетивме дека нема лесни противници. Во исти ритам ќе го завршиме есенскиот дел и ќе го почнеме пролетниот следната година. – рече охридскиот стратег Петар Чочорски.
Охриѓани полусезоната ја завршуваат во Радовиш против истоимената екипа, а продолжуваат на средината од февруари следната година.
Охридските кошаркари есенски шампион во Втората лига
Ohridnews