Охридските кошаркари го освоија целиот плен во дербито на колото победувајќи го Гостивар со 82-76 на теренот од противникот.
Овој меч беше вистински тест за силата и квалитетот на охридските кошаркари кој пак го положија без никаков проблем.
– Дерби во Втората лига кое може слободно да се каже дека наликуваше на прволигашки натпревар. Очекувавме силен отпор и затоа се подготвуваме доста долго за овој меч. Го надигравме противникот со нашиот силен карактер и квалитетот во последната четвртина кога се решаваше победникот. После овој триумф широко ни се отвараат вратите за првата позиција која ја посакуваме од оформувањето на овој клуб. – рече тренерот на Охрид, Петар Чочороски.
Во четвртата рунда кошаркарите на Охрид силите ќе ги одмерат со Водњански Лисици во „Билјанини Извори“.
Охриѓани во Гостивар го продолжија победничкиот од
Мх.П.