Наташа Чочегова најави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Здружението на деца заболени од церебрална парализа. Причините за оставката се професионални, а не лични, рече Чочегова.
Државата помага , локалната ни даде простории, но тоа не е доволно вели Чочегова, која не е задоволна од помошта која ја добиваат лицата со посебни потреби.“ За жал јас не можам да им помогнам на овие деца како што треба“, рече Чочегова која најави дека повеќе детали околу оставката ќе обелодени на прес конференција што ќе ја свика наскоро. Таа функцијата претседател на Здреужението на деца заболени од церебрална парализа ја извршува седум години.
Инаку во црквата Света Богородица Каменско денеска се одржа традиционалната Божикна средба на членовите на Здружението на деца заболени од церебрална парализа. На средбата Здружението на 40- на деца со посебни потреби им подари новогодишни пакетчиња, а тие подароци добија и од ОО Црвен крст – Охрид.