Членови на охридското студио за танц „ Соната“ се вратија со бројни награди од Меѓународниот танцов натпревар Macedonia Open 2015 што се одржа во Скопје. На натпреварот учествуваа 37 членови од „ Соната“ кои се натпреваруваа во 11 категории.

Во категоријата Show Dance Formation Junior младите членови на „ Соната“ и покрај тоа што за прв пат се натпреваруваа на меѓународен натпревар го освоија првото место. Со златен медал се закити и Сара Сталевска во категоријата модерен Балет Соло Јуниор. Во категоријата Хип Хоп Дуо Возрасни, Олгица Симеонова и Јетон Мусли ја освоија бронзата. Сите останати натпреварувачи се пласираа во финалето во соодветните категории и се закитија дополнително уште со две трети, пет четврти места и две петти места.

Од „ Соната“ велат дека се многу задоволни од постигнатите резултати, со оглед на тоа што на натпреварот учествувале над 2100 танчери од целиот Балкан.

Горди сме на сите учесници што достојно го претставија не само клубот, туку и Охрид.Докажавме дека „ Соната“ е еден од најдобрите клубови на Балканот, велат од охридското студио.

Членовите на „ Соната“ во наредниот период ги очекуваат два меѓународни натпревари во Крагуевац и Бар, за кои имаат добиено специјална покана за учество од страна на организаторите.

OhridNews