Здружението на глуви и наглуви од Охрид, викендов на каналот Студенчишта го одржа третото општинско отворено првенство во дисциплината лов на риба со јадица на пливка, во конкуренција на сениорки и сениори.
Во конкуренција на сениорки најповеќе риба улови Ленка Климоска која го освои првото место, среброто го освои Сузана Стевоска, а со бронзен медал се закити Гордана Илиеска.
Во конкуренција на сениори по трет пат првото место го освои Стојан Мишев, второто место го освои Муштеба Шабан а третото место му припадна на Ѓоко Климоски.
На првенството зедоа учество околу 20 натпреварувачи, кои ловеа плашица и грунец, информираат од СРД „Св. Апостол Петар“.