Polio- poliomyelitis, детска парализа ( полиомиелитет) претставува болест предизвикана од инфекција со полиовирусот. Вирусот се шири преку директен лице в лице контакт, преку контакт со заразена слуз или секрет од нос или уста, како и преку контакт со заразен измет. Вирусот навлегува низ устата или носот, се размножува во грлото и цревниот тракт, а потоа се апсорбира и се шири преку крвниот и лимфниот систем.

Оваа година се навршуваат 30 години од официјалниото започнување на меѓународниот Ротари проект  “Енд Полио”. Во 1979 година, повеќе Ротари клубови започнале со проект за купување  и достава на полио вакцини за помош на повеќе од 6 милиони деца на Филипините. Во 1985 година, Rotary International го лансира “PolioPlus”, првиот и најголем меѓународно координиран проект за поддршка на јавното здравство од страна на приватниот сектор. Првичната донација изнесувала 120 милиони американски долари.

До денес, Ротари има донирано повеќе од 1.3 милјарда долари и вложено безброј волонтирања во овој проект. Исто така Ротари има улога и во убедувањето на државите-донори, кои имаат придонесено и донирано повеќе од 10 милијарди американски долари за крајната цел, искоренување на полиото-детската парализа.

Оваа година и Нигерија е прогласена за „ polio- free” земја. Остануваат уште Авганистан и Пакистан, со што полиото се намалува на помалку од 1% во светот. Почнувајќи од 2013 година  до  2018 година, фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс дава и ќе даде 2:1 за секоја парична донација за Ротари проектот  “EndPolio”.

OhridNews