На најавениот голем народен митинг што вечерва во Скопје го организира ВМРО ДПМНЕ, ќе присуствуваат членови и симпетизери на владејачката партија од Охрид.
Од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид велат дека заедно со своите сограѓани денеска ќе покажат дека како и секогаш до сега партијата се бори и ќе се бори за стабилна, силна и економски развиена Македонија.
-Граѓаните на Македонија ќе излезат на улиците во Скопје за да покажат дека се борат за почитување на правото на глас и за почитување на изборната волја. Граѓаните ќе покажат дека се за отворање на нови работни места, за отворање на нови фабрики, училишта, за изградба на автопати, стадиони, патишта и друго. Граѓаните на Македонија ќе излезат да дадат поддршка на безбедносните сили за зачувување на државните приоритети и интереси. Граѓаните на Македонија ќе се борат за земјоделците, за младите, за пензионерите, работниците и сите останати. велат од ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
Според најавите тие организирано со автобуси и други превозни средства попладне ќе заминат за Скопје.
OhridNews