Локалното Здружение на инвалиди на трудот, во текот на вчерашниот ден оствари средба со градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, како дел од планот и програмата предвидена за 2014 година.
Градоначалникот Трајкоски беше запознаен со заложбите на Здружението, неговиот статут, програмата и задачите за реализација, донесени од претседателството.
Исто така, првиот човек на општина Дебрца ги увиде предлог-проектите на Здруежението меѓу кои реализирање на еднодневен рекреативен излет, поддршка за учество на Републичките спортски игри, организирање на погранична средба со инвалидите од Албанија, хуманитарна помош со донација на облека и обувки во Специјалната болница во Демир Карпија.
Како што информираат од Здружението на инвалиди на трудот – Охрид, средбата завршила со заклучок за продолжување на соработката, со цел подобрување на условите за живот и потребите на оваа категорија граѓаните во општината Дебрца.
OhridNews