Членовите на веслачкиот клуб „Горица Ремо“ од Охрид реалзираа студиска посета на веслачкиот клуб „Seeclub Biel – Rowing Crew“ во Швајцарија.

Како што информираат од клубот, членови на швајцарскиот веслачки клуб подготвиле интензивна програма за детално запознавање со работата на клубот и неговото долгогодишно успешно функционирање.

Првиот ден по пристигнувањето нашата делегација следеше двочасовен тренинг на главниот тренер на клубот, Бит Ховалд, во чија група се наоѓа европската шампионка во скиф под 23 години Марион Хаинигер. Посебен осврт во управувањето и ангажирањето на стручни лица за остварување на тренинзите за почетници, напредни веслачи и елитни спортисти, направи Ерик Сингер, член на управниот одбор на клубот, одговорен за веслање. Нашите претставници имаа ретка можност подетално да се запознаат со целиот систем на функционирање на клубот. Исто така, беше одржан и мастерклас за одржување на опремата и вршење на ситни поправки од страна на Филипе Монтели, велат од веслачкиот клуб „Горица Ремо“ .

На 8-ми март по 18 км тренинг, во попладневните часови членовите на охридскиот клуб го посетиле комплексот на Факултетот за физичка култура, во Маглинген.

За време на 5 дневниот престој нашите членови успеаја да веслаат во различни екипажи од дубл скул, четверец скул, петтерец скул (CBoot), до осмерец, и се извеслаа повеќе од 45 км, додаваат.

Посетата беше реализирана во периодот од 6-ти до 10-ти март.

OhridNews