Членови од Женски Центар „ Бисера“, деновиве, беа во работна посета на Женската организација „ Искрици“ во Благоевград, Бугарија.
Во рамки на посетата членките од „ Бисера“ извршија презентација на Охрид, охридските традиционални специјалитети и охридското вино. Пред присутните се обратија Нада Мартиноска која зборуваше за природните убавини на градот, а за традиционалните охридски специјалитети, нивната подготовка и рецепти, предавање одржа, професор Маријана Мартиноска Тодороска.
Од страна на членките на „ Бисера“, во Културниот Дом во Благоевград беа презентирани домашно подготвени традиционални јадења, зимници и вино, специфични за нашето поднебје.
OhridNews