Членките на Женски Центар „ Бисера“, викендов, по седми пат учествуваше во маршот “ Напред Розово“ организиран од  Здружението за борба против рак на дојка „ Борка“.

Од маршот беше испратена порака за важноста на раната дијагноза и поддршка на пациентите како основен предуслов за победа на ракот на дојка.

Во рамките на настанот вклучена беше и прошетка  на околу 1.500 учесници. Покровител на манифестацијата беше првата дама на Македонија, Маја Иванова, а учествуваа и Амбасадорот на САД со сопругата и  министерот за здравство Никола Тодоров.

OhridNews