Седницата на Судскиот совет (СС) пред што започна утрово е прекината бидејќи на еден од членовите му се слоши.

Членот на СС, Неџад Ајро, на самиот почеток на седницата се пожали дека не се чувствува добро и побара десет минутна пауза.

Колегите му помогнаа да замине во неговата канцеларија, каде по кратко време беше констатирано дека состојбата му се влошила.

Беше побарана лекарска помош и Ајро е пренесен со возило на Брза помош во некоја од скопските здравствени установи.

Останатите членови на СС беа видно вознемирени за здравствената состојба на Ајро,  затоа што и друг пат тој се жалел на проблеми со срцето.

На седницата СС требаше да се избираат нови судии за Врховен суд, за апелација, за повеќе судови во државата.

Седницата е презакажана за утре.

OhridNews
извор: „Макфакс“