Присуството на педесетината навивачи на битолски Пелистер, популарните Чкембари, му дадоа посебен  шмек на финалето од отворениот ракометен турнир Струга 2010. Кој знае дали без нивната голема поддршка битолскиот тим по високата негататива ќе се вратеше од работ на бездната.

Но за да му се врати сјајот на струшкиот ракометен турнир треба многу повеќе од педесетина “запалени“ навивачи. Присуните на стадионот, носталгично коментираа оти доаѓањето на некое звучно ракометно име би ја разбудило Струга од летаргијата и турнирот на “Женска Плажа“ би прераснал во туристичка атракција. – Друго ќе беше овде, ако  ко` некогаш играше Металопластика – велат стружани.

Организаторот покрај квалитетот на противниците во иднина ќе мора да поведе сметка и на техничките детали при организацијата на турнирот. Времето се мери рачно, нема официјален семафор, туку деца кои го бројат резултатот, а публиката информациите за резултатот и времето ги дознава од официјалниот спикер на турнирот.

Овие “ситни“ пропусти во 21 век не се дозволиви.

М.П.