Како по обичај дерби пресметките со Вардар, се спортски празник во Битола. Со безпрекорното навивање, декорот и баклите, “чкембарите“ го збогатија македонското “Ел класико“. На спротивната страна од трибините недостасуваа навивачите на Вардар кои поради забраната на Фудбалската федарација на Македонија и Министерството за внатрешни работи за гостински навивачи не допатуваа во Битола.


За жал фудбалерите на Пелистер не им подарија победа на “чкембарите“ над најлутиот ривал Вардар. “Црвено црните“ по првиот четвртфинален натпревар со себе во Скопје носат предност од 1-0.

Мх.П.